Дома Фудбал Млада ѕвезда на Барселона: Левандовски не можеше да поверува колку години имам

Млада ѕвезда на Барселона: Левандовски не можеше да поверува колку години имам

Промената на генерациите во Барселона се случува со таква брзина што дури и ветераните во клубот понекогаш имаат тешкотии да се снајдат. Младиот бранител Пав Кубарси откри како Роберт Левандовски се сомневал во неговите години, како Ламин Јамал го понижувал на тренинг и зошто по една повреда добил прекар поврзан со синџир брза храна.

Напредокот на Кубарси од талент на Ла Масија во првотимец беше толку брзо што дури и искусниот Роберт Левандовски остана изненаден. Тинејџерската сензација официјално дебитираше во јануари 2024 година во натпревар од Кралскиот куп против Унионистас де Саламанка, само неколку дена пред неговиот 17-ти роденден. Три дена подоцна го запиша и своето прво појавување во Ла Лига од првата минута, против Реал Бетис, и остави толку силен впечаток што следеше урнебесен разговор со поранешниот напаѓач на Баерн.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ден по моето прво играње во почетниот состав, Чави ми честиташе за роденден пред сите. Потоа ми пријде Роберт Левандовски и ме праша: ‘Навистина имаш 17 години?’. Не можеше да поверува. Можеби сеуште бев со детско лице”, раскажа Кубарси за „Л’ЕКип“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа: Нашата цел е да ја освоиме Лигата на шампионите, односите со Мурињо се одлични

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, зборуваше пред медиумите пред утрешната гостување…