
За многумина најголемиот фудбалер на сите времиња, Лео Меси, неочекувано пред две вечери се појави во Барселона, предизвикувајќи вистинска бура на социјалните мрежи.
Меси заедно со своите пријатели го посети стадионот Камп Ноу, место каде што скоро дваесет години го воодушевуваше светот на фудбалот, и притоа упати емотивна порака.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Интересно видео денеска осамна на социјалните платформи, а на снимката се гледа како еден пар си прави опуштени фотографии на улиците на Барселона.
Во еден миг, сосема неформално, Лео Меси поминува покрај нив, а момчето видно изненаден го гледа Аргентинецот додека тој продолжува со својот пат.