Дома Фудбал Млад голман од Тетекс го засили Вардар

Млад голман од Тетекс го засили Вардар

Екипата на Вардар денеска официјално го претстави новото засилување на голманската позиција, Или Зибери, млад и талентиран чувар на мрежата кој доаѓа од редовите на Тетекс.

Зибери фудбалскиот пат го започна во Вардар Форино, каде ги направи првите чекори во својата кариера, а потоа беше дел и од Шкендија. Последната сезона ја мина во Тетекс, каде што со одличните настапи го привлече вниманието на „црвено-црните“. Зибери е и репрезентативец во младинските селекции на Македонија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Оваа активација на трансфер-пазарот доаѓа во време кога Вардар се подготвува за летни промени. Како што претходно беше најавено од клубот, Филип Гачевски се наоѓа на трансфер-листа и се очекува да го напушти клубот во претстојниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Загриженост во репрезентацијата: Висар Муслиу се повреди пред дуелот со Данска

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу заработи повреда на самиот почеток од натпреваро…