Дома Фудбал Митровски има одлична сезона: Кандидат е за најдобар фудбалер во Хрватска!

Митровски има одлична сезона: Кандидат е за најдобар фудбалер во Хрватска!

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски се најде меѓу петтемина кандидати за признанието „Најдобар фудбалер на сезоната“ во хрватскиот шампионат, што се доделува по завршувањето на сезоната во Првата лига на Хрватска (ХНЛ).

Само две кола пред крајот на првенството, од ХНЛ ги објавија имињата на петтемина најдобри играчи според изборот на стручната јавност и љубителите на фудбалот. Изненадувачки, меѓу номинираните нема ниту еден фудбалер од редовите на актуелниот првак Динамо Загреб.


Најсериозен кандидат за престижната титула е напаѓачот на Хајдук Сплит, Марко Ливаја, кој со досегашниот учинок од 18 голови и девет асистенции важи за апсолутен фаворит.

Во елитното друштво се најде и Димитар Митровски, кој со своите седум голови и една асистенција е прв стрелец и најконзистентен фудбалер на својот тим оваа сезона. Покрај него и Ливаја, во најтесната конкуренција за наградата се најдоа и Тони Фрук од Ријека, Ален Гргиќ од Славен Белупо и Роберт Мудражија од Локомотива.

Фото: NK Varazdin

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Валкана“ игра на Винисиус со Кралевите!

Винисиус Жуниор веќе се наметна како голема ѕвезда во Реал Мадрид. Мадридскиот клуб од нег…