
За неколку дена, поточно во ноќта помеѓу 17 и 18 август, во Чикаго ќе се одржи спектакуларниот UFC 319, а главниот настан на вечерта ќе биде борбата за титула во средна категорија помеѓу Камзат Чимаев и Дрикус ду Плеси.
За многу љубители на MMA спортот, ова е моментот што долго го чекаат, бидејќи Чимаев конечно е на прагот на најголемиот успех во својата кариера. Сепак, патот до овој момент не беше лесен. Познат по беспрекорниот стил на борба и неверојатниот атлетизам, Чимаев помина низ тешки животни фази, од кои една беше толку драматична што на кратко време помисли дека има рак.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Чимаев во 2013 година од Чеченија замина во Шведска, каде што се посвети на слободното борење и брзо се наметна како врвен натпреварувач во својата категорија. Неговите тренери истакнуваат дека во Калмар ги оставаше без шанса сите противници, а успеа да освои шампионски титули во дури две тежински категории.
Сепак, патот до професионалната MMA кариера беше непредвидлив. Паралелно работеше на фарма за живина и како обезбедување во ноќни клубови, а некое време живееше во мала соба во теретана со димензии еден на еден метар – со кревет и ноќна масичка. Во таа мала соба Камзат тренираше, жртвувајќи сè за да го оствари својот сон.
Фотографија: Instagram/Khamzat_chimaev