Дома Фудбал Миовски може да ја промени средината: Жирона подготвена да преговара!

Миовски може да ја промени средината: Жирона подготвена да преговара!

Првата сезона на Бојан Миовски во дресот на шпанска Жирона не донесе резултати според очекувањата, ниту на клубот, ниту на самиот играч. Македонскиот напаѓач пристигна минатото лето како потенцијален наследник на Артем Довбик, но засега не успеа да ја исполни таа улога.

Миовски настапи на вкупно 22 натпревари, од кои 16 ги започна од првата минута, при што постигна четири гола – два против Естремадура и два против Еспањол – како и една асистенција.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Според информациите на шпанскиот весник „АС“, ниту клубот, ниту Миовски не се задоволни од досегашната соработка. Жирона е отворена за понуди и размислува за негова продажба во летниот преоден рок.

Каталонскиот клуб инвестираше околу осум милиони евра за неговиот трансфер, вклучително и бонуси, но сега останува да се види дали ќе добие нова шанса да се докаже или пак ќе ја побара среќата во нова средина.

Фото: Girona/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија може до директен пласман на СП 2026, но за тоа ни треба чудо!

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Кардиф, каде против Велс ќе се соочи од к…