Дома Фудбал Мињоле најави крај, па почеток на нова работа!

Мињоле најави крај, па почеток на нова работа!

Сајмон Мињоле одлучи да ја заврши својата професионална кариера. 

Тој ќе го направи тоа на крајот на оваа сезона, како што соопшти денес. 

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Плеј-офот ќе бидат последните десет натпревари во мојата професионална кариера“, рече Сајмон Мињоле. 

„Од 1-ви септември започнувам нов предизвик, ќе бидам во спортскиот сектор на Фудбалскиот сојуз на Белгија. Подоцна ќе ја објаснам својата позиција во федерацијата“, рече тој. 

Тој додаде и дека целта му е титулата за крај.

„Не сакам да бидам премногу емотивен сега бидејќи работата не е завршена. Сакам да станам шампион со Клуб Бриж“, рече тој. 

Мињоле (38) во текот на својата кариера настапуваше за Сент Труден, Сандерленд, Ливерпул и Клуб Бриж, а за репрезентацијата на Белгија има брано 35 пати. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда на Интер го напушта клубот за 21 милион евра!

Според италијанските медиуми, Џузепе Марота алфа и омега на Интер веќе почнал да ги склопу…