Дома Фудбал Mилевски за натпреварот со Данска: Штета што повторно не играме дома!

Mилевски за натпреварот со Данска: Штета што повторно не играме дома!

Репрезентацијата на Македонија на денешната ждрепка во Цирих го дозна противникот во полуфиналето во мундијалскиот бараж каде што ќе играме против Данска. Натпреварот ќе го играме на гостински терен, на 26 март, а пет дена подоцна на програмата е финалето. Ако Македонија игра во него, ќе се соочи со подобриот од пресметката помеѓу Чешка и Р. Ирска, исто така на гостински терен.

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, кој го следеше извлекувањето во Цирих, вели дека во оваа фаза нема лесни противници.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„За разлика од минатиот пат, кога бевме во плеј-офот и ги извлековме топ фаворитите Италија и Португалија, сега на „хартија“ добивме полесен противник, иако морам да потенцирам дека кога си во конкуренција на најдобрите 16 репрезентации, нема лесни противници, напротив. Штета што повторно немавме среќа за евентуален домашен натпревар. Данска е извонредно квалитетна репрезентација, неблагодарно е да даваме било каква прогноза. Во ова друштво нема слаби репрезентации и апсолутно не можеш да се надеваш на сигурен пласман, но ќе дадеме се од себе да бидеме конкурентни и во плеј-офот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димитриевски се извинил на соиграчите во Валенсија!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски се врати во Шпанија, каде што уште …