Дома Фудбал Милевски: Teшко ми е да зборувам за тоа што се случи, да се фокусираме на фудбалот – утре сакаме победа!

Милевски: Teшко ми е да зборувам за тоа што се случи, да се фокусираме на фудбалот – утре сакаме победа!

Maкедонската репрезентација утре во Вадуц од 15:00 часот ќе ги стартува квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција го најави натпреварот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Тешко ми е и понатаму да зборувам за тоа што се случи. Уште еднаш сакам да испратам сочувство до настраданите. Ќе ве замолам да се сконцентрирате на фудбалски прашања, затоа што сега ми е тешко да зборувам за било што друго освен за фудбал. Тука сме дојдени да ја продолжиме победничката серија и тоа можеме да го направиме само ако максимално влеземе во натпреварот. Ме радува подобрата форма на Елмас, Барди и останатите кои конечно играат повеќе. Сепак, сакам да напоменам дека и кога немаа минутажа во клубовите во репрезентацијата беа на потребното ниво“, изјави Милевски.

Фото: Димитар Петковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски се уште не решил за својата иднина

Роберт Левандовски изјави дека не знае каде ќе игра следната сезона. 37-годишниот напаѓач …