Дома Фудбал Милевски: Можеме да ја изненадиме Белгија и да одиме на Мундијал!

Милевски: Можеме да ја изненадиме Белгија и да одиме на Мундијал!

Фудбалската репрезентација на Македонија влегува во решавачка фаза од квалификациите за Светското првенство 2026, каде ја очекуваат два многу важни предизвици – гостувањето кај Белгија на 10 октомври и натпреварот против Казахстан во Скопје на 13 октомври. Во пресрет на тие дуели, селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета.

„Остануваме фокусирани на нашата главна цел – учество на Мундијалот. Составот е речиси идентичен со претходниот, единствено ќе недостига Лирим Ќамили поради повреда. На списокот се враќаат Ашковски и Бабунски и верувам дека сите ќе бидат здрави и подготвени“, истакна Милевски.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тој посебно се задржа на враќањето на Давид Бабунски во националниот тим:

„Давид отсекогаш бил дел од нашата визија, но имаше проблеми со клубот каде што настапуваше. Сега повторно е со нас и сум убеден дека неговото искуство и квалитет можат многу да помогнат“, додаде селекторот.

По пет одиграни натпревари, Македонија останува во трката за пласман на СП, што според Милевски е најдобар доказ за силата и карактерот на оваа генерација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Таткото на Јамал се огласи по контроверзните скандирања, испрати моќна порака!

Фудбалската јавност беше шокирана од случувањата на натпреварот помеѓу Шпанија и Египет, к…