
Македонија отвори со победа против Лихтенштајн на квалификациите за Мундијалот, а сега се подготвува да го пречека Велс.
Тренерот Боби Милевски изрази дека никогаш повеќе не би сакал репрезентацијата да игра под вакви услови, имајќи предвид колективната тага.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
„И пред натпреварот со Лихтенштајн реков дека емоциите се присутни. Подготовката за овие мечеви посебно беше тешка и за мене и за играчите. По мечот со Лихтенштајн истакнав дека натпреварот против Велс можеби е најтешкиот во групата. Ако на некој начин можеме да покажеме благодарност, тоа е сите заедно утре да дадеме поддршка на семејствата на настраданите“, изјави Милевски.
„Темелно ја анализиравме играта на Велс, не само во натпреварот против Казахстан. Сметам дека сме добро подготвени. Треба да бидеме беспрекорни во техничко-тактичкиот дел, како и во тркачкиот, и целосно фокусирани ако се надеваме на успех. Не се гледаме како фаворити“, додаде тренерот.