Дома Фудбал Милан веќе бара наследник на Мењан, во игра се две имиња!

Милан веќе бара наследник на Мењан, во игра се две имиња!

Милан веќе ги разгледува можните замени за голманот Мајк Мењан кој би можел да го напушти клубот на крајот од сезоната, пренесува Газета дело Спорт.

Мењан влегува во последната година од договорот со „росонерите“ и засега нема постигнато договор за продолжување на соработката. Иако преговорите се воделе во последните 12 месеци, останале неразрешени неколку клучни точки.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што наведува Газета, Милан моментално има два главни кандидати за замена на Мењан.

Првиот е голманот на Парма, јапонскиот репрезентативец Зион Сузуки, кој минатото лето пристигна од Синт-Тројден за 8.000.000 евра, а неговата вредност оттогаш се удвоила.

Втората опција е Ное Атуболу од Фрајбург, кој неодамна дебитираше за репрезентацијата на Германија. Неговата пазарна вредност се проценува на околу 18 милиони евра.

Покрај нив, како дополнителна опција се спомнува и голманот на Каљари, Елија Каприле, но неговото ангажирање би барало значително поголема финансиска инвестиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Покрај сите натпревари Европа зборува за оној на Кипар поради гол кој се гледа еднаш на 100 години

Ширум Европа оваа вечер се играат натпреварите од последното коло на лигашкиот дел на Лига…