Дома Фудбал Милан не сака да погреши како Реал: Иако Модриќ игра фантастично, тие веќе имаат негов наследник

Милан не сака да погреши како Реал: Иако Модриќ игра фантастично, тие веќе имаат негов наследник

Синоќа, Милан оствари голема победа на гостувањето кај Болоња (0:3) во 23-то коло од италијанската Серија А, а главна тема беше младиот фудбалер за кој многумина велат дека ќе биде вистинскиот наследник на Лука Модриќ.

„Росонерите“ изиграа фантастичен натпревар против Болоња и дојдоа до многу важна победа во борбата за врвот на Серија А.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Милан поведе во 20-тата минута кога Рабио го проигра Лофтус-Чик, кој го совлада голманот на домашните за 0:1.

Во завршницата на првото полувреме, гостите ја удвоија предноста. Судот досуди пенал за Милан, а сигурен изведувач од белата точка беше Нкунку.

Синоќа од првата минута играше и Лука Модриќ, кој повторно покажа дека е во одлична форма иако има веќе 40 години, и брзо стана еден од клучните играчи на големиот клуб од Апенинот.

Модриќ остана на теренот нешто повеќе од 70 минути, а на негово место влезе Ардон Јашари. Токму овој 23-годишник е главната тема во италијанската јавност, бидејќи ги воодушеви навивачите на Милан со својата игра откако влезе наместо репрезентативецот на Хрватска.

Јашари одигра одлично од моментот кога влезе на теренот, а навивачите на Милан велат дека тој неодолливо ги потсетува на Модриќ.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал конечно најде кој ќе го замени Модриќ – ќе плати 150 милиони евра!

Мадридскиот гигант е во потрага по нова ѕвезда која ќе го замени Лука Модриќ и ќе го зајак…