Приоритет на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде да доведе засилување во нападот, а „росонерите“ веќе имаат список од неколку врвни фудбалери.
Прва цел е Жоао Феликс од Челзи и „росонерите“ веќе работат на трансферот, но имаат и список на напаѓачи во случај да не успеат да го доведат Португалецот.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Една идеја на клубот е да бара друг играч кој ќе биде земен на позајмица. Доколку Манчестер Јунајтед овој месец потпише нов напаѓач, „росонерите“ би можеле да се насочат кон Џошуа Циркзи и Расмус Хојлунд, кои веќе имаат искуство во Серија А.
Друга слична опција е Феран Торес, кој не добива голема минутажа во Барселона под водство на Ханси Флик.
Втората идеја е поврзана со купувањето на Сантијаго Хименез од Феенорд. Но, тука има два услова: таков трансфер би требало да се финансира со продажба на дефанзивец, најверојатно Страхиња Павловиќ.