Дома Фудбал Милан ќе потпише договор до 2029 година со еден од најдобрите фудбалери

Милан ќе потпише договор до 2029 година со еден од најдобрите фудбалери

Италијанскиот гигант Милан постигнал договор со американската ѕвезда Кристијан Пулишиќ за продолжување на неговиот престој на „Сан Сиро“ за уште четири години.

Според пишувањата на „Газета дело Спорт“, 26-годишниот офанзивец се согласил на нов договор кој ќе трае до јуни 2029 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како дел од новите услови, Пулишиќ ќе добие зголемување на својата годишна плата, која ќе се искачи од досегашните четири на пет милиони евра.

Овој потег доаѓа како награда за неговите одлични настапи, бидејќи токму тој е водечки стрелец на Милан оваа сезона, со 16 постигнати погодоци на 45 одиграни натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најлудата прослава на најчудниот гол. Помошниот тренер на Бенфика како гром го собори играчот

БЕНФИКА постигна неверојатна победа од 4:2 на домашен терен против Реал, со што се избори …