Дома Фудбал Милан губеше 2:0, па за 13 минути направи чудесен пресврт и го победи Лече.

Милан губеше 2:0, па за 13 минути направи чудесен пресврт и го победи Лече.

Фудбалерите на Милан извојуваа победа на гостински терен против Лече во 28. коло од Серија А, и тоа по голем пресврт, со конечен резултат 3:2 за Росонерите.

Веќе во првата минута беше поништен голот на гостите поради офсајд на Сантјаго Хименез, додека шест минути подоцна Никола Крстовиќ ги доведе домаќините во водство.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


Во 15-тата минута беше поништен нов гол на Милан, постигнат од Матео Габија, кој исто така беше во недозволена позиција, па така на паузата се замина со резултат 1:0.

Се играше 59. минута кога Никола Крстовиќ го постигна вториот гол за домаќините и ја удвои предноста на Лече, и сите на стадионот мислеа дека домаќинот е близу голема победа.

Сепак, тоа не се случи.

Прво, во 68. минута Антонино Гало ја затресе сопствената мрежа, додека пет минути подоцна Кристијан Пулишиќ погоди од единаесет метри за изедначување на резултатот.

И конечно, во 81. минута од натпреварот, Американецот во дресот на Росонерите го постигна својот втор гол и го заврши големиот пресврт на Росонерите.

Лече моментално е на 16-то место на табелата со 25 бодови, додека Милан е осми со 44 бодови од 28 одиграни натпревари.

Во следното коло Лече ќе гостува кај Џеноа, додека Милан на својот терен ќе го пречека тимот на Комо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ја сака ѕвездата на Аталанта

Според шпанските медиуми, Барселона влегла во трката за напаѓачот на Аталанта, Адемола Лук…