Дома Фудбал Милан ја почна потрагата за нов спортски директор, поранешен шеф на Јуве фаворит

Милан ја почна потрагата за нов спортски директор, поранешен шеф на Јуве фаворит

Раководството на Милан ја засилува својата работа за создавање на нова спортска структура во клубот, која би придонела за поуспешен развој во спортско-техничкиот аспект поради незадоволителната сезона досега, информира „Газета дело Спорт“.

Како дел од овие напори, се очекува во следните денови да започнат состаноците со потенцијалните кандидати за позицијата спортски директор на тимот.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Во овој момент, се истакнува името на поранешниот извршен директор на Јувентус и Тотенхем, Фабио Паратичи. Другиот главен кандидат за позицијата е Игли Таре од Лацио. „Росонерите“ активно бараат нов спортски директор, но се засилуваат наводите дека во „Сан Сиро“ веќе се размислува и за нов тренер.

Најверојатно Сержо Консеисао ќе биде ослободен на крајот од сезоната, бидејќи играњето на тимот по неговото именување на 30 декември 2024 година е незадоволително. Во последните денови, сè почесто се поврзува името на Максимилијано Алегри со Милан, а токму добрите односи со Фабио Паратичи, со кого работеше неколку години во Јувентус, ги наведува медиумите во Италија да ги начинат како исклучително веројатен нов тандем на чело на „росонерите“ од летово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на Атлетико се соочува со сериозна суспензија поради навреда на судијата!

Анхел Кореа, играчот на Атлетико Мадрид, беше исклучен на мечот со Гетафе. Тој прво доби ж…