
Во неделата, легендата на Ливерпул Џејми Карагер сугерираше дека Мохамед Салах е во неповолна позиција во годишната дебата за Златната топка бидејќи не може да освои голем меѓународен турнир како што се Еуро, Копа Америка или Светското првенство.
Поранешниот стопер на Редсите на тој начин го потцени КАН, односно континенталниот првенство на африканските репрезентации, што Карагер очигледно не го смета за сериозно и големо натпреварување.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
Карагер потоа се соочи со многу критики, а меѓу другите, со него не се согласија Даниел Стариџ, Рио Фердинанд, Мајка Ричардс и други.
Сега, Џон Оби Микел, поранешен играч на средниот ред на Челзи, исто така беше остар кон Карагер.
“Тоа што го кажа е толку големо непочитување, а тоа го кажува некој кој никогаш не освоил ниту едно поголемо меѓународно натпреварување во Англија. Неговата изјава беше апсолутно погрешна. Се надевам дека ќе излезе и јавно ќе се извини бидејќи должи извинување на луѓето ширум светот. Не може да непочитува толку голем турнир”, рече Микел.
“Човекот говори толку многу работи на ТВ, никогаш не ја освоил Премиер лигата, анализира тимови и им кажува дека мораат да ја освојат Премиер лигата. Никогаш ја нема освоено. Луѓето во Африка умираат за Африканскиот куп на нации, а тој го дискриминира на тој начин”, истакна Нигеријецот.