Дома Фудбал Мијатовиќ: Партизан е должен 53 милиони евра, договорите со фудбалерите биле – „ненормални“!

Мијатовиќ: Партизан е должен 53 милиони евра, договорите со фудбалерите биле – „ненормални“!

Партизан не престанува да ја изненадува јавноста во Србија со откритијата за деталите за катастрофалната финансиска состојба која новото раководство ја затекна во клубот кој го превзема пред два месеци. Долгот настанал додека клубот го водеа Милош Вазура и Милорад Вучелиќ. Тие беа принудени да го напуштат, по што дојде Расим Љајиќ со група нови функционери, меѓу кои најистакнат беше Предраг Мијатовиќ. Љајиќ и новото водство ги намалуваат трошоците и го намалуваат бројот на вработени.

Партизан е погоден од невидена резултатска, финансиска и управувачка криза. Српскиот ’гигант летово испадна од сите три европски натпреварувања уште во квалификациите. Во првенството е по 20 кола дури 17 бода зад актуелниот шампион и лидер, Црвена Звезда, која оваа сезона го порази на негов терен со 4-0. Затоа, тренерот Александар Станојевиќ мораше да замине само три месеци по неговото доаѓање. Во клубот е тешка финансиска ситуација, раководството беше сменето поради хаосот, а навивачите се огорчени поради сè.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Предраг Мијатовиќ сега откри детали за огромниот долг на Партизан. <3>„Вкупниот долг на Партизан е 53.128.000 евра во овој момент. Тоа е она што во овие три месеци го собравме од податоци, детално, прецизно, бидејќи тоа е наша должност, да бидеме прецизни и конкретни. Сметаме дека јавноста и навивачите треба да знаат што се случува во нивната куќа. Од тие 53.128.000 евра, вкупниот долг кон домашните и странските клубови е 7.250.000 евра. Домашните клубови се должат 1.883.187 евра“, рече Мијатовиќ.

Мијатовиќ откри и дека Партизан има склучено низа штетни договори со своите играчи.

„25 играчи имаат процент од својата продажба. Ова ми е нелогично и ненормално. Ова никогаш не сум видел. ФИФА не го забрани тоа. Процентите се движат од 10 до 20 проценти нето. Партизан дури и данок треба да го плати на тоа. Дали е нормално играч да добие такво нешто од својата лична продажба? За мене како одговорно лице апсолутно не е. Ова ми е скандалозно иако ФИФА не го забрани тоа“, вели тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо ги полни батериите на -8, ги покажа и своите мускули (Фото)

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо на најдобар можен начин ја користи паузата помеѓ…