Дома Фудбал Англија Meдиумите најавуваат: Еве како може да изгледа Арсенал следната сезона ?

Meдиумите најавуваат: Еве како може да изгледа Арсенал следната сезона ?

Микел Артета и немаше толку лоша сезона со Арсенал, Шпанецот го освои ФА Купот и се пласираше во Лигата на Европа.

Целите во наредната сигурно ќе бидат повисоки, а најважната работа која Артета веројатно ја заврши е тоа што го убеди Обамејанг да остане во клубот, нешто што изгледаше тешко пред некое време.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега клубот се насочи и кон доведување на нови фудбалери.

Вилијан од Челзи изгледа е веќе завршена работа и за него веќе на големо се пишува на Островот дека пристигнува во клубот. Се шпекулира и за Фелипе Кутињо кој Арсенал би го довел како позајмен играч.

Според медиумите Арсенал преговара и со Диего Карлос од Севиља како и Томас Парти од Атлетико кој би можел да го засили Арсенал во размена со Лаказет.

На социјалните мрежи според ова веќе се појави фотографија како би можел да изгледа тимот на Арсенал наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Исак за повредата: Разочаран сум, пораките за поддршка ми значат многу.

Фудбалерот на Ливерпул, Александар Исак, им порача на навивачите од својот клуб дека му е …