
Поранешната ѕвезда на германската репрезентација Месут Озил (37) има голема причина за славење, стана татко по трет пат. Тој и неговата сопруга Амин ја споделија радосната вест со заедничка објава на Инстаграм.
Во емотивната порака на турски јазик му се заблагодариле на Алах за доаѓањето на ќерката Елиса.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Му благодариме на Алах што се роди здрава, наша прекрасна ќерко Елиса. По ќерките Еда (6) и Ела (3), малата Елиса е трето дете во семејството Озил”, напишале Месут и Амин.
.