
“Посебно е да се игра на Светско првенство. Би сакал да учествувам следната година ако бидам подготвен и ако можам да ја исполнам улогата што би помогнала на репрезентацијата. Кога ќе започне подготовката со Интер од Мајами следната година, ќе можам дневно да оценам дали сум на сто проценти за Светското првенство и дали би бил корисен за репрезентацијата“, изјави Меси во интервју за NBC News.
Оваа сезона, Меси беше најдобар стрелец во американската МЛС со 29 погодоци, додека додаде и 16 асистенции. Тој се приклучи на Интер од Мајами летото 2023 година, а неодамна го продолжи договорот со американскиот клуб до крајот на 2028 година.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
“Многу би сакал да играм на Светското првенство и да можам на терен да ја бранам титулата што ја освоивме во Катар 2022. Играњето за репрезентацијата е остварување на сонот. Имав среќа и на индивидуално и на тимско ниво со Барселона, но вистината е дека ми недостигаше голем резултат со репрезентацијата. Освојувањето на Светското првенство со Аргентина беше мојот животен сон. На крајот на краиштата, ако прашате било кој фудбалер за што сонува, ќе ви каже дека тоа е титулата светски првак“, изјави Меси.