Дома Фудбал Меси со фантастичен гол ја отвори сезоната на еден oд најладните натпревари во историјата (Видео)

Меси со фантастичен гол ја отвори сезоната на еден oд најладните натпревари во историјата (Видео)

Фудбалската сезона во Северна Америка се отвори со натпреварите од КОНКАКАФ Лигата на шампионите, а Интер Мајами славеше со гол на Лионел Меси на гости против Спортинг Канзас Сити со резултат 1:0.

Се работи за натпревари од континенталното натпреварување кое започнува од шеснаесеттина финалето, а се играат два натпревари. Во првиот, неуморниот Меси покажа дека годините се само бројка и со еден момент на инспирација донесе значајна предност на својот тим пред реваншот.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Меси вчера играше во најстудените услови во неговата кариера. Во Канзас Сити беше минус 15 степени, со реално чувство од минус 21.

Тоа е официјално еден од најстудените натпревари во историјата на фудбалот во САД, но Меси добро се снајде и покажа дека ниту тоа не може да му наштети.

Се играше 56-та минута кога Серхио Бускетс ја прати топката до Аргентинецот, а тој ја прими на одличен начин со градите и со убав удар го совлада голманот на домаќините.

Реванш натпреварот во Мајами е закажан за 26 февруари, а Интер Мајами има значителна предност. Доколку ништо друго, барем играчите на двата тима ќе имаат значително подобри услови за игра во однос на временските прилики.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Урнебесна реакција на германскиот гигант на дербито во Лигата на шампионите (Фото)

Денеска беа извлечени паровите за осминафиналето во европските натпреварувања, а секако на…