Дома Фудбал Меси размислува за трансфер пред Светското првенство 2026 година?

Меси размислува за трансфер пред Светското првенство 2026 година?

Суперѕвездата на Интер Мајами Лионел Меси размислува да премине во друг клуб во месеците пред Светското првенство 2026. Ова го објави аргентинскиот новинар Естебан Едул, кој тврди дека самиот напаѓач му го споделил ова свое намерение.

„Лео Меси и неговото семејство ми кажаа во петокот дека тој размислува да игра на друго место во шестте месеци кои го претходат Светското првенство. Во еден момент постигнал договор за нов договор, но во моментов преговорите се стопирани“, сподели Едул, според кого опции за 38-годишниот капитен на Аргентина се неговиот матичен клуб Њуелс Олд Бојс и неговиот долгогодишен тим Барселона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меси е дел од Интер Мајами речиси две години и досега има одиграно 63 натпревари со 50 гола и 24 асистенции за „чаплите“. Договорот со американскиот клуб му истекува на крајот од оваа година, така што ако осумкратниот освојувач на „Златната топка“ не го обнови, ќе може да потпише со друг тим како слободен агент во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…