Дома Фудбал Meси пристигна во Индија, навивачите му приредија спектакуларен пречек (Видео)

Meси пристигна во Индија, навивачите му приредија спектакуларен пречек (Видео)

Лионел Меси се појави во утринските часови во индискиот град Калкута како дел од турнејата “GOAT Tour 2025”, каде што илјадници обожаватели го поздравија со воодушевување.

Многубројни фанови се собраа пред аеродромот, а и по патот до хотелот, носејќи аргентински знамиња и дресови, скандирајќи го името на Меси и славејќи го пристигнувањето на легендата на светскиот фудбал.

Конвојот со возила во кој беше Меси го напушти аеродромот под строга заштита, додека навивачите танцуваа и го бодреа својот идол.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Меѓу тие што се собраа, имаше и обожаватели од соседните земји. Еден од нив, кој допатува од Непал, изјави дека пристигнувањето во Индија и можноста да го види Меси е исполнување на сон.

“Ова е еден од моите соништа, само да го видам Меси. Го гледавме како игра, останувавме до доцна будни и ги пропуштавме обврските, а сега сум тука во Индија. Се чувствувам одлично”, изјави навивачот.

По пристигнувањето во хотелот, повторно се собра голема група поддржувачи, меѓу кои се виореа знамиња со пораки на поддршка и симболи на локалните фан клубови на Меси, а потоа Меси се појави на стадионот Salt Lake пред 110.000 гледачи.

Жителите на Колката му подготвија специјално изненадување на првата станица на неговата турнеја. Изградија статуа на Меси, висока дури 21 метар, прикажувајќи го како држи трофеј од Светското првенство, која беше свечено откриена.

Тридневната турнеја на Меси низ Индија започнува денес, а планирано е да посети четири големи градови, вклучувајќи ги Колката и Мумбај. Во план се и средби со индискиот премиер Нарендра Моди во Њу Делхи, според најавите.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Срцето му застана на 50 секунди: Поранешниот фудбалер на Челси заврши со фудбалот засекогаш

Оскар одлучи да се повлече од фудбалот по застрашувачкиот здравствен инцидент. Оскар во по…