Дома Фудбал Меси имаше најчуден прием во животот: Не можеше да верува што зборува Трамп (Видео)

Меси имаше најчуден прием во животот: Не можеше да верува што зборува Трамп (Видео)

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп ги прими фудбалерите на Интер од Мајами, актуелните шампиони на МЛС лигата, во Белата куќа.

Американскиот претседател сакаше да им додели признанија на шампионите на САД и на тимот предводен од Лионел Меси.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Новата сезона во МЛС започна на почетокот на март, а Трамп со приемот за ланските шампиони сакаше на некој начин да биде во центарот на вниманието на стартот на новата сезона.

Наместо спортска приказна, Меси и екипата беа шокирани од однесувањето на Трамп.

За време на говорот, додека беа присутни фудбалерите на Интер од Мајами, Трамп најмногу зборуваше за политика.

Главната тема му беше тековната ситуација на Блискиот Исток, а се дотакна и на Куба, како и на поранешните бегалци од Мајами.

Во еден момент фудбалерите останаа збунети, а Лионел Меси не можеше да верува што слуша.

Додека Трамп беше во својата верзија на настаните, изразот на лицето на Меси кажуваше сè.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германската легенда за трагедијата во неговото семејство: Не можам ниту да зборувам за тоа…

Михаел Балак преживеа голема семејна трагедија пред пет години. Познатиот германски фудбал…