
Најдобриот фудбалер на Интер од Мајами Лионел Меси не настапи во недела навечер и по трет пат последователно во дресот на клубот од Флорида откако во дуелот против Шарлот целиот натпревар го преседе на клупата за резерви.
Одлуката на тренерот Хавиер Маскерано да не го вклучи некогашниот соиграч од Барселона во игра беше водена од најдобри намери, бидејќи младиот стратег е свесен дека Меси е на возраст кога не може да игра три натпревари во рок од шест дена.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Ова го потврди и на прес-конференцијата пред дуелот против Шарлот, во кој франшизата во сопственост на Девид Бекам постигна минимална победа.
“Уморен е од честото играње натпревари. Одлучивме да го одмориме, свесни за опасноста дека можеме да го загубиме на подолг период во случај на повреда”, рече Маскерано по победата против ривалот од Северна Каролина.
Меси претходно не беше во тимот за првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Кавалиерс, додека се одмараше и минатиот понеделник во убедливата победа против Хјустон.
Интер ќе го одигра следниот натпревар во ноќта меѓу четврток и петок во гостување на Јамајка каде што ја брани предноста од два гола од првиот натпревар.
Ќе видиме дали и до кој степен Меси ќе добие шанса од Маскерано.