
Аргентинската репрезентација ќе настапи како бранител на шампионската титула на Светското првенство 2026 година, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада. Иако капитенот Лионел Меси (38 години) сè уште не потврдил дали ќе учествува на турнирот, тој ги издвои фаворитите за освојување на престижниот трофеј.
По ждребот за групите на Mундијалот, каде првпат ќе се натпреваруваат 48 селекции, почнаа да се прават анализи и прогнози за тоа кој би можел да биде следниот светски шампион. Своето мислење го сподели и ѕвездата на Интер Мајами, кој покрај за Аргентина, за која изјави дека ќе се „бори“ за одбрана на титулата, има и други кандидати. Во неодамнешно интервју за ЕСПН, Меси рече:
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
“Постојат навистина добри репрезентации. Шпанија, Франција, Англија, и Бразил, кој исто така предолго чека за титулата, се подготвени да го освојат турнирот”, започна Меси и додаде: “Германија, која секогаш сакала да ја победи Аргентина, сега има уште поголема мотивација откако минатото Светско првенство заврши. Ќе биде многу тешко, но не се сомневам дека ќе се борат за титулата.”