Дома Фудбал Мендеш потврди: Јамал наскоро става потпис

Мендеш потврди: Јамал наскоро става потпис

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, потврди неговиот менаџер Жорге Мендеш.

17-годишниот шпански репрезентативец ќе потпише нов договор на шест години, кога ќе наполни 18 години идното лето. Во договорот ќе биде ставена клаузула со која оној кој сака да го откупи, ќе мора да плати најмалку 1 милијарда евра.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Јамал официјално беше прогласен за најдобар млад фудбалер на светот, а Барса минатото лето одби 250 милиони евра за негов трансфер.

Мендеш денес потврди дека Јамал е среќен во Барселона и дена наскоро ќе потпише нов договор со каталонскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА објави нова листа: Познато на кое место Македонија ќе ја заврши годината

ФИФА денеска ја објави најновата ранг-листа на репрезентации, а македонската фудбалска сел…