
Бразилскиот Коринтијанс западнал во големи долгови поради лошо направениот договор со познатиот холандски фудбалер Мемфис Депај.
Мемфис Депај, најдобар стрелец на холандската репрезентација на сите времиња, премина во популарниот бразилски клуб како слободен играч откако му истече договорот со Атлетико Мадрид во летото 2024 година.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Договорот беше потпишан до крајот на декември 2026 година и се беше идеално на почетокот. Многу брзо стана еден од клучните играчи, помагајќи му на тимот да излезе од зоната за испаѓање. А кога неговите спектакуларни голови помогнаа клубот да ја освои титулата Паулиста (државно првенство на Сао Паоло), овој Холанѓанец со потекло од Гана стана новиот идол на навивачите.
Приватен готвач, возач и блиндиран автомобил…
Взаемната љубов цветаше и се беше идеално, меѓутоа, Коринтијанс цело време го тресеше финансиска криза и на крајот старата управа на клубот се повлече, а новата се најде пред ужас – големи финансиски долгови, меѓу останатото и кон својата најголема ѕвезда.
Коринтијанс му должи на Депај милионска сума која се однесува на дополнителните бонуси ветени при потпишувањето на договорот затоа што Холанѓанецот дојде како слободен играч. И тоа не е се. Се испостави дека клубот потпишал договор по кој Депај е сместен во луксузен апартман кој на месечно ниво го чини клубот околу 40.000 евра.
Зошто? Затоа што покрај самиот сместувач, Коринтијанс ги покрива и трошоците за приватен готвач, батлер, возач со блиндиран автомобил, лична безбедност, услуга во собата и други премиум услуги.
Новото раководство на клубот, предводено од претседателот Осмар Стабиле, побарало од Депај да се исели од хотелот и да се пресели во стан или куќа, со цел да се намалат трошоците.