Дома Останати Кошарка Мелоун откри кога Јокиќ ќе се врати на теренот

Мелоун откри кога Јокиќ ќе се врати на теренот

Никола Јокиќ го пропушти и натпреварот против Лос Анџелес Лејкерс поради повреда, а по натпреварот Мајк Мелоун откри кога најдобриот играч на планетата би можел да се врати на теренот.

Јокиќ се мачи со две повреди. Едната е на лактот, а другата на скочниот зглоб и поради тоа беше решено да не се прават експерименти со играње на Јокиќ против Лејкерс.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Јасно беше колку недостигаше српскиот центар, Денвер не беше ни близу до нивото на игра што го има кога Јокиќ е на теренот. Меѓутоа, освен него недостигаше и Џамал Мареј, втората ѕвезда на екипата.

Мајк Мелоун по завршувањето на натпреварот одговори на прашањето кога би можеле Јокиќ и Мареј да се вратат на теренот:

Повеќе за статусот на Никола Јокиќ и Џамал Мареј ќе знаеме утре, пред натпреварот со Портланд во петок. Мареј е поблизу до враќање на теренот од Јокиќ – рече Мелоун.

Денвер сега падна на четвртото место во западната конференција, останаа уште 12 натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јанис: Ќе играм на Евробаскетот ако сум потполно здрав

Играчот на Милвоки Бакс Јанис Антетокунмпо ја потврди својата намера да ја претставува Грц…