
Контроверзниот ирски ММА борец Конор МекГрегор направи нов скандал. Повторно се тепаше во ноќен клуб.
Кариерата на Конор МекГрегор одамна е во голем пад. Може слободно да се каже дека му ја уништи кариерата кога Хабиб Нурмагомедов го победи со брутални батини во 2018 година, и оттогаш не е ист и двапати е поразен од Дастин Порие.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Со години се најавува неговото враќање во октогонот, „The Notorious“ најавува големи нокаути и титули, но единствени борби кои ги има се нокаутирање на послабите од него во ноќни клубови, барови и на улиците.
Нов скандал Ирецот направи на Ибица. Нокаутираше сопственик на ноќен клуб.
На снимката од раните утрински часови овој вторник, Конор со друштвото уживаше во забава, кога му пристапи сопственикот на клубот. На Ирецот очигледно не му се допадна тоа што му беше кажано и го нокаутираше човекот.
Shock moment Conor McGregor knocks man out with TWO punches in Ibiza nightclub pic.twitter.com/NclBkDuSGF
— The Sun (@TheSun) June 17, 2025
Фото: Принтскрин