Дома Фудбал Останато Мекгрегор доаѓа во Црна Гора на вистински спектакл (Видео)

Мекгрегор доаѓа во Црна Гора на вистински спектакл (Видео)

Најпознатата светска организација за борби без ракавици, BKFC (Bare Knuckle Fighting Championship), каде што членува и македонскиот борец Гого Славески, најави боречка вечер што ветува вистински спектакл. Настанот е закажан за 30 август во Будва и веќе предизвикува големо внимание кај љубителите на боречките спортови од регионот.

Главната борба на вечерта ќе ја има црногорската ММА ѕвезда Васо Бакочевиќ, кој ќе се соочи со Австриецот Вилхелм Отом – борец со значително искуство и од ММА арените.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Организаторите најавуваат и присуство на суперѕвездата Конор Мекгрегор, кој неодамна стана еден од сопствениците на BKFC заедно со Давид Фелдман.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатниот Дуплантис повторно го сруши светскиот рекорд!

Арманд „Мондо“ Дуплантис повторно постави светскиот рекорд во скок со стап на планетарното…