Ирскиот ММА борец Конор Мекгрегор продолжи со прозивките на социјалните мрежи, а овој пат неговата мета беше некогашниот непоразен УФЦ првак, Хабиб Нурмагомедов.
Имено, Мекгрегор вулгарно го навреди момчето од Махачкала преку социјалната мрежа Х и навистина ги премина сите граници.
Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓
“Покажи ми ја сопругата и децата, дебела наказо.. Покажи се и донеси ги и децата на твоите браќа, имам момци во Ирска кои сакаат да се натпреваруваат. Каде се твоите најдобри дагестански деца Хабибе? Со нетрпение очекуваме да ги видиме. Кој е следен, бидејќи е очигледно дека дебелкото со свирката не сака да се бори. Кој воопшто го направи Хабиб главен лик? Знам дека тоа не беше неговиот татко, а знаат и Дагестанците. Сите знаат дека се пензионираше од страв, ти се смеат зад грб и велат дека си мрзлив. Бори се со мене и заработи 100 милиони, донирај ги во твоето село. Меѓутоа, ќе ја одбиеш понудата, затоа што си мрзлива, дебела, исплашена наказо”, напиша борецот од Даблин.