Дома Моторспорт Медицинска сестра го уценувала Михаел Шумахер – барала 15 милиони евра од семејството!

Медицинска сестра го уценувала Михаел Шумахер – барала 15 милиони евра од семејството!

Поранешна медицинска сестра на славниот возач е обвинета дека се обидела да го уценува семејството на Шумахер со негови приватни фотографии направени за време на неговото лекување.

Медицинската сестра, чие име не е јавно откриено, наводно била дел од заговор за изнудување на 15 милиони евра заканувајќи се дека ќе ги објави сликите на легендата на интернет.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Да потсетиме, во Вупертал се одржува судење на тројца обвинети, вклучувајќи и еден член од обезбедувањето. Наводно, тие се обиделе да го уценат семејството со фотографии на Михаел од креветот и во инвалидска количка.

Станува збор за поседување дури 900 фотографии и 583 видео-снимки на кои се наоѓа Шумахер. Се чека одлука на судот за овој случај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Даниел Рикардо хоспитализиран по сообраќајна несреќа во Австралија

Според информации од повеќе медиуми како PlanetF1, поранешниот возач на Формула 1, Даниел …