Дома Фудбал Останато Meси според еден критериум е многу подобар од Роналдо

Meси според еден критериум е многу подобар од Роналдо

Дебатата за тоа кој е подобар Кристиано Роналдо или Лионел Меси и дали некој од од нив е најдобар на сите времиња трае веќе една деценија и сигурно дека ќе трае и понатаму.

Аргументи има и едниот и другиот. Навистина е тешко да се направи критиериум според кој ќе се одлучи кој е подобар од нив двајца.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Сега на интернет се појави едно видео во кое една страница ги подреди играчите по еден критериум, а тоа е кој фудбалер добил најмногу награди за играч на натпреварот. Како што ви е добро познато наградата за играч на мечот се доделува на фудбалерот кој ја донел победата или го спасил од пораз својот тим.

Графичкиот приказ е пресметан од 2010 година па наваму и ако се водиме по тој критериум Лионел Меси има огромна предност пред својот најголем ривал. Аргентинецот од 2010 година до денес бил прогласуван дури 225 пати за играч на натпреварот, додека Роналдо сто пати помалку, 125 признанија за играч на мечот.

Сега оние што се фанови на Меси и што го сметаат Аргентинецот за подобар од Роналдо и најдобар на сите времиња добија уште еден адут.

Зад Роналдо и Меси со поголема разлика следуваат: Еден Азар, Златан Ибрахимовиќ, Нејмар, Луис Суарез, Герет Бејл, Антоан Гризман, Видал…

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Олмо погоди, Шпанија доаѓа во водство🎥

После израмнетото прво полувреме каде двете репрезентации ги одмеруваа силите Шпанија доаѓ…