Барселона вчера беше поразена од Севиља со 2:0 во полуфиналето во Кралскиот куп.
Каталонците не ги искористија своите шанси во овој натпревар, па затоа ќе имаат тешка задача да ја надополнат оваа предност во реваншот. Меѓутоа повторно во овој натпревар во центарот на вниманието се најде Лионел Меси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во последно време Меси почесто ги губи нервите на теренот. Многумина сметаат дека би требало да биде казнет и после контактот со фудбалерот на Севиља. После контактот Жордан кој беше во дуел со Меси се обрати кон судијата и во тој момент реагираше асот на Барселона.
Меси сакаше што побрзо да дојде до топката, реагираше жестоко. Жордан падна на тревата алудирајќи на тоа дека Меси го удрил со лакт во лицето. На крајот од целата ситуација Жордан доби жолт картон, додека Меси помина без санкција.
Should be a red card for Messi pic.twitter.com/JKxLm32v9T
— Brad (@lfcbradd) February 10, 2021