Дека Лионел Меси е голема мајстор на фудбалската игра и не треба да се трошат зборови тоа е добро познато.
Во последно време Меси започна многу често да постигнува голови од слободен удар и веднаш започнаа споредбите со Роналдо, како и останатите фудбалери кои одлично ги изведуваат прекините.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Роналдо оваа сезона во Јувентус баш и не му оди со слободните удари, иако добива повеќе шанса во Торино пред Пјаниќ и Дибала сепак Португалецот сезонава се уште не постигнал гол на ваков начин.
Меси во последните две години постигна 13 гола од слободни удари и стигна до бројката од вкупно 47 во неговата кариера и за Барселона и за Аргентина.
Сепак, иако изгледа чудно но Меси не е ниту во топ десет изведувачи на прекини. Кристиано Роналдо има шест голови повеќе од Меси меѓутоа ниту тој не е помеѓу најдобрите 10.
Најдобар во оваа конкуренција е легендарниот Жунињо кој во својата кариера постигнал дури 77 голови од слободни удари. Зад Жунињо е големиот Пеле (70), Виктор Легротаље и „волшебникот“ Роналдињо се зад нив со 66 погодоци, следи Дејвид Бекам со еден помалку (65), тука и најголемиот ривал на Пеле Диего Марадона (62) исто колку него има и Бразилецот Зико, зад нив следи Роналд Куман(60), па легендарниот голман на Рожерио Сени (59), топ 10 листата ја затвара Марселињо Кариоса (59).