![zidane](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2019/03/zidane03.16-842x491.jpg)
Откако Зидан се врати во Реал медиумите во Мадрид ги истакнаа Герет Бејл и Дани Себаљос како фудбалери со најзагрозена иднина.
Тоа е така затоа што и двајцата после заминување на Зидан јавно во медиумите зборуваа дека тоа би можела да биде добра работа за нив. Меѓутоа девет месеци подоцна Зидан се врати.
Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓
Сепак, секако дека овие работи не треба се сфаќаат како „здраво за готово“ доказ за тоа е и минутажата која ја добија Бејл и Себаљос против Селта. Сега за медиумите Себаљос даде изјава во која откри што му кажал Зидан кога пристигнал во Мадрид.
„Оваа сезона не беше добра за нас и сигурно дека враќањето на Зидан е добра работа за нас. Зидан секогаш бил отворен и искрен со мене. Неодамна зборував со него и ми порача дека ги следел моите настапи оваа сезона и ми порача да продолжам да играм на исто ниво. Сите знаеме колкава е неговата важност за целиот тим. Тој им пронајде место на Навас и на Иско кои претходно беа малку оддалечени од тимот“, изјави Себаљос за шпанските медиуми.