Дома Фудбал Англија Meгваер: Играв добро и чувствував дека ми оди одлично, но тренерот одлучи да ме стави на клупа

Meгваер: Играв добро и чувствував дека ми оди одлично, но тренерот одлучи да ме стави на клупа

Oд кога Хари Мегваер се пресели на клупата за резерви на Манчестер Јунајтед почна да му оди подобро и да бележи добри резултати, но и покрај тоа дефанзивецот остана стартер во репрезентацијата.

Со него во тимот Англија запиша пораз од Италија и така испадна во Б-дивизијата како последна репрезентација во групата.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


После натпреварот Мегваер зборуваше за неговиот старт на сезоната.

„Кога во прашање е мојата форма, не знам што се зборува за мене, не читам. Одиграв три добри натпревари за репрезентација и имав добра предсезона, чувствував дека ми оди одлично. Но, очигледно менаџерот Тен Хаг одлучи да ме стави на клупата откако екипата почна да победува и не сака да го менува тимот“, изјави Мегваер.

Рафаел Варан и Лисандро Мартинез станаа прв тандем стопери во срцето на одбраната и како што стојат работите Мегваер ќе почека за својата шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Деко има план за Левандовски во иднина: “Специјален случај”

Деко има многу работа пред себе. Договорите на неколку врвни играчи истекуваат по оваа сез…