
Вторник, 30 декември, се одржа отворен тренинг на стадионот Ди Стефано. И, како што беше очекувано, Килијан Мбапе беше еден од најбараните играчи на Реал Мадрид.
Французинот веќе две зиме е во шпанската престолнина. Флорентино Перез му кажа дека секој Божиќ клубот ги отвора вратите на теренот Ди Стефано за да можат децата бесплатно да ги видат своите идоли.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Мбапе стана клучна фигура, но сепак е свесен дека сите во Мадрид идолот го гледаат во…
„Секогаш ми е задоволство да ги имам сите овде. Ова ми е втор настан. Ми е мило да ги видам сите навивачи на Мадрид овде, ми е мило што годината ја завршувам со добро чувство. За навивачите на Мадрид, Кристијано Роналдо е најдобар. Но, задоволство е да се игра за Реал. Уживам во моментот, сегашноста. Треба да донесеме радост за сите. За 2026 година посакувам среќа, веселие, здравје и титули за нашиот тим, за да бидеме уште посреќни“, рече Мбапе.