
Поминаа скоро осум години откако Усман Дембеле во дресот на Борусија Дортмунд изгледаше како ново фудбалско чудо. Барселона не жалеше пари, го плати 135.000.000 евра само за да го добие играчот кој повеќе време поминуваше во амбуланта отколку на терен, а и кога игравеше не даваше вистински знаци на живот, не личеше на фудбалер кој беше доведен како замена за Нејмар.
Барселона се „изгоре“, па летото 2023 година го продаде Французинот на Пари Сен Жермен за 50.000.000 евра и надокнади дел од трошоците. Усман дојде во друштво на Килијан Ембапе, почна колку толку да се буди, само да би, по заминувањето на првата ѕвезда на тимот во Реал Мадрид, тој станал предводник на Паркот на Принцевите.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Затоа е Дембеле во актуелната сезона меѓу најдобрите фудбалери на планетата, затоа е меѓу десетте кандидати за Златната топка и затоа може да се пофали со 30 гола и шест асистенции на 37 натпревари. Ако гледаме само 2025 година, му нема рамен бидејќи Дембеле постигнал 22 гола од јануари месец.
„Гледајќи го како игра, ме трогна бидејќи знам колку беше критикуван и исмеjуван. Јас сум неговата најголема поддршка уште откако ни беше 14 години. И кога се мачеше, му велев на Дембеле дека е најдобар“, рече Мбапе