Maри Манџукиќ конечно пронајде нов клуб.
Хрватскиот напаѓач денес и официјално потпиша за катарскиот Ал-Духаил, а деталите од договорот се уште не се познати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес утрово прво беше објавено дека трансферот на Манџукиќ пропаднал, потоа „Тутоспорт“ објави дека напаѓачот се вратил во Хрватска само по документи кои му биле потреби. Оваа втората информација се покажа како точна.
Јувентус од неговата продажба доби 5.5 милиони евра, а Хрватот потпиша договор на една ипол година и во тој период ќе заработи 10.5 милиони евра.