Роберто Манчини е човекот кој ја препороди репрезентацијата на Италија и успеа да и го донесе Европското првенство.
Манчини ја презема Италија после катастрофата и непласирањето на Светското првенство во Русија и од тогаш прави фантастична работа, „Аѕурите“ играат одличен фудбал и заслужено се европски шампиони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Примивме гол и се мачевме на почетокот, но потоа ние бевме тие кои доминираат. Овие момци се прекрасни не знам што да ви кажам. Важна победа за цела Италија, нека се слави! Победивме среде Лондон што не е мала работа“, изјави еуфорично Манчини.