Дома Македонски спорт Мак ракомет Maнасков: Со Еурофарм Пелистер сакам двојна круна

Maнасков: Со Еурофарм Пелистер сакам двојна круна

Актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер ангажираше големо засилување пред стартот на вториот дел од сезоната.

Левото крило Дејан Манасков ќе го носи дресот со број 11 во битолскиот клуб, а првиот официјален натпревар е предвиден на почетокот на плеј-офот во февруари.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Секогаш сум се стремел кон највисоките дострели, сите сакаме да ја одбраниме домашната круна и ќе дадеме сѐ од себе за да го оствариме тоа. Тимот е одличен, Пелистер има солиден ростер, покриени сме со квалитетни играчи на сите позиции. Секогаш е добро кога има конкуренција во тимот. Мора да се воиграме малку со новите играчи, но мислам дека ќе имаме доволно време за сѐ.

Ќе ми биде драго повторно да заиграм во Лигата на шампионите. Таму настапував 11 години и имам големо искуство. Имаме уште четири натпревари и се надевам дека ќе успееме некому да му „откинеме“ некој бод. Овие мечеви ќе бидат одличен тест и подготовка за најважните дуели во домашното првенство. Ја сакаме двојната круна, знам дека имаме сериозни конкуренти, но се надевам дека ќе успееме да ја освoиме – изјави Манасков.

За македонската репрезентација Манасков одигра 72 натпревари и постигна 279 голови од дебито во 2012 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…