Дома Топ вести Maдрид има нов херој: Белингам ја расплака Барселона! 🎥

Maдрид има нов херој: Белингам ја расплака Барселона! 🎥

Реал Мадрид славеше голема победа во денешното „Ел Класико“ против Барселона со 2:1.

„Кралевите“ до важните три бода стигнаа со пресврт и два гола во второто полувреме. Немаше пораз Барселона сезонава во Ла Лига се до денешното дерби, а одлично и го започнаа натпреварот.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


По една конфузија во одбраната на Реал Мадрид, Илкај Гундоган го отвори резултатот по само шест минути игра. Се обидуваше Реал да дојде до изедначување, сепак на пауза Каталонците заминаа со водство.

Во вториот дел Реал беше подобриот тим на теренот имаше и повеќе од играта, но на голови чекаа до завршницата. Фантастичниот Џуд Белингам за кого ова беше прво „Ел Класико“ со одличен удар од далечина во 68-та минута изедначи на 1:1, но тоа не беше се од одличниот англиски репрезентативец.

Се играше втората минута од судиското продолжение кога Белингам го постигна својот втор гол за голема победа на „кралевите“. На табелата Реал Мадрид сега е изедначен на првата позиција со Жирона (28), додека Барселона е третопласирана со 24 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јамал најдобар млад играч на светот, Луис Енрике најдобар тренер, Донарума голман

Вечерва е церемонијата за доделување на “Златната топка” во избор на Франс Фуд…