Дома Фудбал Мастантуоно: Не сум Меси, но и не сум најлошиот трансфер на Реал

Мастантуоно: Не сум Меси, но и не сум најлошиот трансфер на Реал

И покрај тоа што не доби многу шанси под водството на Чаби Алонсо во Реал Мадрид, Франко Мастантуоно започна како стартер во два од првите три натпревари со Алваро Арбелоа на клупата. Уште повеќе, успеа да го постигне својот прв гол во Лигата на шампионите при убедливата победа со 6:1 против Монако.

Младиот аргентинец ги коментира критиките кои ги добива во првите денови во Реал Мадрид, нагласувајќи дека ги разбира очекувањата, но повикува на трпение.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ги разбирам критиките. Ни мислам дека сум Меси, ни пак сум најлошиот трансфер во историјата на Реал Мадрид. Работев многу за да можам да го постигнам ова претставување. Реал Мадрид е многу барачки клуб, дојдов како момче од Аргентина, ова беше целосно нов живот за мене и тоа бара адаптација“, изјави Мастантуоно.

Истовремено тој го бранеше својот соиграч, Џуд Белингам, велејќи: „Белингам работи многу напорно, имам огромна почит кон него. Тој дава се за Реал и многу од работите кои се зборуваат се неправедни.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лондонски клубови со интерес за Стeрлинг

Кариерата на Рахим Стeрлинг е во сериозен застој веќе некое време. 31-годишниот играч на Ч…