Дома Фудбал Останато Машина каква што светот одамна не видел: Топурија брутално го нокаутира Оливеира (Видео)

Машина каква што светот одамна не видел: Топурија брутално го нокаутира Оливеира (Видео)

Илија Топурија е нов УФЦ-шампион во лесна категорија откако минатата ноќ во Лас Вегас со нокаут во првата рунда го победи Чарлс Оливеира.

Шпанско-грузискиот борец Илија Топурија навистина е нешто посебно. До 17. победа во кариерата (17-0) стигна на брутален начин во борба за појасот во лесна категорија. Ја совлада Чарлс Оливеира во првата рунда и по титулата во перо-лесна, стана и шампион во лесна дивизија на УФЦ.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Оливеира прв напаѓаше во овој меч. Очекувано, се обиде да го урне Топурија и да заврши сè со полуга на нога, но Топурија се извлече и борбата продолжи стоечки.

А таму, Топурија е незапирлива машина. Средината на првата рунда брутално Илија ја поврза серијата удари и тука беше крајот.

Лев, па десен директ жестоко го погодија Бразилецот, а потоа заврши со лево кроше за крај на борбата. Имаше уште два непотребни удари на земја.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Филип Блажевски се враќа со бронза од ЕП до 21 година

Македонскиот таеквондист Филип Блажевски постигна значаен успех на Европското првенство за…