Дома Фудбал Мартинез повторно лудуваше – селекторот на Аргентина сакаше да го замени! (Видео)

Мартинез повторно лудуваше – селекторот на Аргентина сакаше да го замени! (Видео)

Аргентина во Буенос Аирес го победи Бразил со 4:1 во квалификациите за СП. Така, бранителот на светскиот наслов со уверлива победа потврди дека дури пет кола пред крајот на квалификациите се пласира на СП што ќе се одржи следната година.

Иако за Аргентина овој натпревар во смисла на пласман не значеше ништо, додека Бразил е во тешка ситуација, домаќинот и без Меси убедливо ги победи гостите со Винисиус, Родриго и Рафиња. Рафиња пред натпреварот тврдеше дека Бразил ќе ја победи Аргентина во Суперкласику на нејзиниот терен. Тоа ги распали Аргентинците, па му свиреше публиката, а противниците на теренот го прогонуваа.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Свој допринос на тоа даде Емилијано Мартинез. Тој, излегувајќи од теренот, “случајно” во минување удри во Рафиња, кој полуде по тоа. Сцената на удирањето на Мартинез во Рафиња стана вирална, но уште поголем хит беше она што голманот на Аргентина го изведе во 82-та минута. Осум минути пред крајот, при водство на неговата екипа со 4:1, ја прими топката и потоа жонглираше со неа.

Фактот што го направи тоа за време на натпреварот против најголемиот ривал, чии ѕвезди најавуваа победа во Буенос Аирес, ги воодушеви навивачите на Аргентина на Монументал. Мартинез со тоа ги налути Бразил, но и својот селектор. Лионел Скалони воопшто не се израдува од тоа што неговиот голман така провоцира и понижува противникот. Се крена од клупата и гневно истрча кон Мартинес. As пишува дека му се заканил дека ќе го замени.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голман во САД тужеше доктор тврдејќи дека му ја уништил кариерата, доби оштета од 18.5 милиони евра

Поротата во петокот пресуди во корист на поранешниот голман на Портланд Тимберс, Џејк Глис…