Дома Фудбал Марота откри дали навивачите на Интер можат да очекуваат подарок на трансфер пазарот

Марота откри дали навивачите на Интер можат да очекуваат подарок на трансфер пазарот

Претседателот на Интер, Џузепе Марота призна дека е можност клубот да се засили во зимскиот трансфер период, иако нагласи дека миланскиот гигант не чувствува потреба од нови играчи.

На прашањето од Sport Mediaset дали ќе има подарок за навивачите на Интер, Марота одговори: „Нема да одречам ништо, но составот ги задоволува потребите на тренерот. Ќе спроведеме внатрешна дискусија. Ова е трансфер период, но немаме потреба да поправаме нешто. Пазарот е тежок во јануари.“

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој исто така повторно го пофали тренерот Кристијан Киву. „Горди сме што го избравме за наш тренер. Мислам дека тој е навистина модерен тренер кој има многу квалитети. Направивме смела одлука, но знаеме дека тој може да биде многу успешен кај нас. Дали некои не откажаа? Ние сме Интер и мораме да ги надминуваме негативните моменти како оној во јуни. Не треба да ги слушаме тие претерани критики. Со времето покажавме дека моделот на Интер се уште е конкурентен, па нема да обрнеме внимание на критичарите“, додаде шефот на „неразурите“.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПОНУДА КОЈА НЕ СЕ ОДБИВА: Гвардиола дава 50.000.000 евра за идната ѕвезда на светскиот фудбал!

Како што пренесува јужноамериканскиот портал “Netfla”, менаџерот на Манчестер сити Пеп Гва…